Корисен, скриен трик кој iPhone смартфоните го имаат со години, а дури сега стана вирален
Ако трошевте по неколку минути додека да си ја коригирате грешката во пишувањето на порака, дефинитивно овој трик ќе ви заштеди време.
Едитирањето на текстот на iPhone смартфоните е прилично тешко, но само ако не сте го знаеле овој скриен трик.
Едноставно, кога пишувате порака на било која апликација, притиснете го space копчето малку подолго од вообичаено. Потоа може да го движите курсорот и да го позиционирате онаму каде што ви одговара.
Пробајте и уверете се колку е поедноставно.
Овој „трик“ за првпат бил достапен на моделот 6s, кога всушност за првпат почна да се користи 3D допирот, но iOS 12 ја прави оваа функција достапна и за уредите кои немаат опција за 3D допир, односно iPhone 5s и iPhone XR.
Трикот кој сите корисници на iPhone требало да го знаат уште пред неколку години, сега станува вирален:
How come you guys never told me this iPhone trick? I feel duped. pic.twitter.com/2RfRhI4Y1X
-->— Krissy Brierre-Davis (@krissybdavis) November 18, 2018
М. Д. | Црнобело