Полицијата во Дубаи започна да користи летечки мотори
Покрај тоа што возниот парк на полицијата во Дубаи може да се пофали со егзотични возила како што се: Mercedes Brabus B63S, Lamborghini Aventador, Ford Mustang, Mercedes SLS, Bentley, Audi R8, сега можат да се пофалат и со летечки мотор или „дрон за јавање“.
https://www.youtube.com/watch?v=FlTfqk6sFXU
Летечкиот мотор е производ на калифорниската фирма Hoversurf и е всушност летало налик на дрон со четири пропелери, коешто се управува слично како мотоцикл.
Договорот помеѓу полицијата на Дубаи и фирмата од Калифорнија бил потпишан уште лани за време на саемот за технологија GITEX, за сега да го добијат првиот сериски произведен модел за нивната флота на полициски возила.
Моделот на летечки мотор чини 150.000 долари и може да го нарачаат и цивилни лица.
(О)Милена | Црнобело