Путин го мрази, Русите го обожаваат: Како изгледа животот на Павел Дуров, рускиот Закерберг?
Неговото име постојано се поврзува со некој скандали, но тој е млад, амбициозен и работи постојано од различни рајски дестинации.
Павел Дуров (34) е основач на „VKontakte“ мрежата, и месинџерот „Telegram“, која уште се нарекува и руски Фејсбук, а тој рускиот Марк Закерберг.
Бил врвен студент, добивал стипендии, има милијарди, а во 2014 година ја напуштил Русија.
Руската влада веќе години наназад се обидува да го саботира функционирањето на оваа мрежа, а Русите се собираат на протести за да ѝ дадат поддршка.
Бидејќи Павел Дуров не е обожуван од страна на својата влада, постојано патува низ светот и работи од разни дестинации.
„Режимот на Путин му објави војна на интернетот, а со тоа и војна на слободното општество, велат поддржувачите на Дуров. Преку хакерски напади постојано се вршат блокади врз „Telegram“, но амбициозниот Дуров успева да се избори со тоа и вложува многу пари и енергија за платформата, која има вртоглава бројка корисници, да опстане.
Како изгледа животот на Павел Дуров:
С. С. | Црнобело