Комбинации на тастатурата кои ќе ви ја олеснат и забрзаат работата

Сведувањето на неколку кликови со глувчето на комбинација од само два клика на тастатурата, може да ви скрати многу од времето потребно за работа. Пресметано е дека доколку не користите кратенки и комбинации на тастатурата, ќе изгубите 64 часа годишно во дополнителни кликови со глувчето.

Kombinacii-na-tastaturata-01.jpg

Сите ги знаеме основните кратенки на тастатурата како што се Ctrl + C за копирање и CTRL + V за пресликување. Откријте уште неколку корисни кратенки на тастатурата коишто ќе ви го олеснат работењето и ќе ви заштедат време:

Повторување на претходно откажаната команда

Сите корисници ја знаат командата Ctrl + Z за откажување на последната команда, но дали сте знаеле дека може откажаната команда да ја повторите со помош на кратенката Ctrl + Y?

Kombinacii-na-tastaturata (1).jpg

Правење слика од активниот прозорец

Копчето PrntScr прави слика од целиот екран. Но доколку сакате слика само од активниот прозорец, тогаш притиснете ги Alt + PrntScr и ќе добиете исечена слика само од прозорецот во којшто работите во моментот.

Kombinacii-na-tastaturata (2).jpg

Сечење на слика од екранот

Ова може да се направи само во Windows 10 со помош на комбинацијата Windows + Shift + S. Така ќе се отвори прозорец којшто ќе ви овозможи веднаш да ја исечете сликата од екранот којашто ви е потребна.

Kombinacii-na-tastaturata (3).jpg

Креирање на нов фолдер

Најголем дел од корисниците отвораат нов фолдер со кликање на десното копче на глувчето и потоа одбирање на опцијата New, а потоа фолдер. Ова може да се направи скратено со комбинацијата Ctrl + Shift + N.

Kombinacii-na-tastaturata (4).jpg

Тастатура со емотикони

Ова исто така може да се прави само во Windows 10 си помош на притискање на Windows + . (точка на тастатурата).

Kombinacii-na-tastaturata (5).jpg

Спуштање на сите прозорци долу

Доколку сакате веднаш да стигнете до десктопот, а имате отворено многу прозорци, можете веднаш да го направите тоа со комбинацијата Windows + M.

Kombinacii-na-tastaturata (6).jpg

Блокирање на прозорци

Можете да блокирате/заклучите одредени прозорци со кликање на Windows + L.

Kombinacii-na-tastaturata (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg