Заштита на паметните телефони: Потребно е препознавање на лицето и еден отпечаток за вашите податоци да бидат посигурни

Скопје, 2 ноември 2018 - Безбедноста и приватноста низ цела Европа се широко дискутирани прашања. Секоја недела носи вести за нови сајбер напади или протекување на податоци кои влијаат на компаниите и нивните клиенти. Во исто време голем акцент се става на индивидуална заштита на податоците. Можете да најдете илјадници статии за тоа како да ги зачувате вашите податоци: совети и трикови за солидна лозинка, специјални апликации за да се зголеми безбедноста на пристапот до вашите уреди или следење на изгубен уред. Глобалните играчи на социјалните медиуми, исто така, се стремат да ги едуцираат своите корисници на платформи за тоа како да ја зачуваат безбедноста и да ги заштитат сопствените податоци.

zastita-na-pametnite-telefoni-potrebno-e-prepoznavanje-na-liceto-i-eden-otpecatok-za-vasite-podatoci-da-bidat-posigurni-1.jpg

Кога зборуваме за уредите, сосема е јасно дека нашите паметни телефони се наши лични центри на команда кои комбинираат важни информации од нашиот приватен и деловен живот. Од нашите лични фотографии, нашите приватни разговори или апликации, преку важни класифицирани информации, до банкарство или важни податоци за нашето здравје и многу други информации. Паметните телефони се моќни уреди што ги содржат нашите најинтимни податоци.

Спречувањето на неовластен пристап до уреди и апликации е еден од главните фокуси на производителите на мобилни телефони, кои постојано создаваат иновативни технологии кои ја подобруваат безбедноста. Одржувањето на безбедноста на нашите паметни телефони и податоци се потпира на две работи: на корисниците, затоа што без нивното дејствување и свест, дури и најдобрата технологија никогаш нема да биде целосно функционална и производителите на паметни телефони и најновите достигнувања на нивните центри за истражување и развој.

Деновиве Huawei, вториот најголем производител на паметни телефони во светот, ја лансираше својата нова серија Mate 20 и ги прикажа иновативните технологии кои беа создадени токму за да се заштититат личните податоци. Па така, Huawei го подобри сензорот за отпечатоци кој е достапен во избрани модели од серијата Mate 20.

zastita-na-pametnite-telefoni-potrebno-e-prepoznavanje-na-liceto-i-eden-otpecatok-za-vasite-podatoci-da-bidat-posigurni-2.jpg

Еден од начините е и препознавање на 3D лице, што е достапно во Huawei Mate 20 Pro. Новиот водечки Huawei е опремен со 3D Face Unlock решение кое, преку мапирање на лицето на корисникот со илјада проектирани инфрацрвени точки, му овозможува на уредот точно да го чита лицето на корисникот. 3D препознавање на лице е исто така корисно решение кога станува збор за избрани решенија за плаќање, користејќи препознавање лице.  Покрај функциите за отклучување и вршење наплата, технологијата исто така може да се користи за подобрување на приватноста на корисниците. Новите безбедносни опции поддржуваат такви решенија како што се PrivateSpace, App Lock, File Safe и PrivateScreen.

Во PrivateScreen опцијата, на пример, вашата ID на лицето може да се користи за безбеден пристап до приватниот екран со заклучени апликации. Оваа опција му овозможува на корисникот да го постави екранот како PrivateScreen и да ги става своите приватни апликации таму со нивно поместување од главниот екран. Со избирање на соодветни поставувања, корисниците со право на биометриски ингеренции можат да пристапат на овој екран. Корисниците можат да ги кријат сите апликации доколку не сакаат некој друг да види одредени фотографии или финансиски извештаи и слично.

Во 21 век, податоците станаа една од најважните човечки ресурси и паметните телефони станаа клучен магацин за тоа. Ова е причината зошто изборот на уреди кои овозможуваат чување на нашите спомени, датотеки и чувствителни информации безбедно, е неопходно.

zastita-na-pametnite-telefoni-potrebno-e-prepoznavanje-na-liceto-i-eden-otpecatok-za-vasite-podatoci-da-bidat-posigurni-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg