Дигитален паричник
Со интензивниот дигитален развој се отвораат и нови можности за примена на дигитални решенија. Иако се уште сме во времето на пластични платежни...
...картички, наскоро оваа ера би можела да стане дел од минатото.
Уште денес е-банкарството зазема значаен удел во паричните трансакции, а кредитните и дебитните картички би можеле да станат дел од историјата.
Дизајнерот Fredrik Palmblad претстави модел на дигитален паричник кој може да завладее со светот. Имено, овој паричник овозможува плаќања кои инаку се вршат преку дебитни и кредитни картички.
Сигурноста е поголема затоа што немате потреба да носите неколку пластични картички во паричникот, а уредот делува како мал USB стик.