10 работи кои нема да постојат за 20 години
Толку сме опседнати со новите технологии и напредокот, што понекогаш забораваме на тоа колку работи несвесно исчезнале од нашето секојдневие.
Касетофони, CD-а, мобилни со копчиња – ова е само мал дел од листата на ситници кои не толку одамна ни беа секојдневие, а сега се веќе заборавени во минатото.
Ако им веруваме на експертите во сферата на технологијата, има минимум 10 работи кои за 20 години нема да ни бидат потребни, односно нема ниту да постојат:
1. Ретровизори на автомобилите
Ќе бидат заменети со сензори и инсталирани камери.
2. Далечински управувачи
Ќе бидат заменети со апликации кои се инсталираат на сите паметни уреди.
3. Кеш и кредитни картички
Иднината е во плаќањето со смартфонот.
4. Клучеви
Уште една ситница која ќе биде заменета со аларм систем.
5. Кабли
Наскоро сè ќе работи преку Wi-Fi или Bluetooth.
6. Инјекции
Веројатно најдобрата вест – во иднина сите инјекции ќе бидат во облик на капсули.
7. Доставувачи
Дроновите ќе ги заменат луѓето кои работат како доставувачи.
8. Потпис
Времето на фацијалното препознавање и скенирање полека, но сигурно доаѓа.
9. Пластични ќеси
Текстилните ќеси ќе бидат сеприсутни.
10. Глувче за компјутер
Големи се шансите во иднина курсерот да го движиме со гестикулации и поглед, или да го замениме со екрани на допир.
М. Д. | Црнобело