Маска која функционира како воздушно перниче за мобилниот телефон
Германскиот студент по дизајн, Филип Френзел, дизајнирал маска за мобилен телефон којашто се отвора за да спречи оштетување на уредот кога ќе ви падне.
Маската има четири „ноџиња“ што се затегнати како пружини и коишто се отвораат штом телефонот ќе се најде во слободен пад.
„Ноџињата“ се извиткуваат нанадвор во двете насоки од четирите агли на маската и така креираат заштитна зона од 3 cm околу телефонот.
Ова засега е само прототип, но Филип планира да собере средства преку платформата „Кикстартер“ за да го доразвие прототипот и да започне своја компанија којашто ќе ја произведува маската за заштита на мобилни телефони.
Маската, иако изгледа гломазна, кога е отворена за заштита на телефонот, сепак, додава само 0,6 mm на обиколката на телефонот и само 4,6 мм на задниот дел на телефонот.
Сега за сега, прототипот е развиен за да може да се стави на iPhone 6 моделите или понови. Дизајнерот вели дека покрај заштита, маската ќе нуди и зголемување на траењето на батеријата како и можност за безжично полнење.
За разлика од воздушните перничиња на автомобилите, оваа заштита за мобилните телефони ќе може да се користи повеќе пати.
Заштитата функционира така што во маската има вградено сензори коишто детектираат кога таа е во слободен пад и ги отвораат заштитните „ноџиња“.
(О)Милена | Црнобело