7 најголеми грешки што ги правите кога смислувате пасворд
Дали некогаш ви бил хакиран Фејсбук профилот и потоа сте си го промениле пасвордот со сличен на претходниот?
Дали на некој ваш мејл имате пасворд кој ви е истиот уште од тинејџерските денови? Ако е така, за ваша безбедност, време е да го промените.
Едно неодамнешно истражување во кое се испитувале 6.1 милион пасворди, откриено е дека 7 исти грешки се прават постојано.
Колку го правите вашиот пасворд полесен за паметење, толку го правите полесен за пробивање.
Најголемите грешки се:
Го користите истиот пасворд за повеќе работи
Без разлика дали се мејлови, профили на социјалните мрежи или профили за онлајн купување, дури 38% од луѓето го прават ова.
Само малку го изменувате постоечкиот пасворд
Многу луѓе го прават ова, а новиот пасворд потоа е екстремно предвидлив. Како на пример само додавање на некои бројки или букви на стариот пасворд.
Мрзеливо куцање на тастатурата
Ова е кога само избирате комбинација на букви или бројки кои се едни до други на тастатурата. Толку сте мрзеливи што дури ве мрзи да смислите збор или фраза.
Инспирација од љубов или омраза
Многу луѓе пишуваат лозинки со нешто што сакаат или мразат. Како пример за ова истражувачите ги наведуваат лозинките од типот „ILoveCheese96“. Дали за лозинка би си ставиле дека сакате колачиња или можеби некоја личност?
Споменување на брендови
Лесно за помнење, зарем не? Со користење на CocaCola, на пример, го правите вашиот пасворд лесна мета на хакерите.
Користење термини поврзани со спорт
Предвидливо е ако го ставите омилениот тим како пасворд, без разлика дали е Арсенал или Челзи.
Користење на истиот пасворд откако некој ни го пробил
Дури 70% од луѓето го користат повторно стариот пасворд затоа што ги мрзи да смислат нешто ново. Ова е лоша идеја, без разлика колку време е поминато откако сте биле мета на хакери последен пат.
С. С. | Црнобело