10 паметни уреди кои нема да верувате дека се измислени
Чорапи кои не мирисаат и по една седмица носење
Кинеската компанија MeltMall произведува чорапи за кои тврди дека и по една седмица ќе мирисаат како штотуку да сте ги облекле.
Сето тоа е благодарение на среброто, бакарот и цинкот во составот - метали кои не само што го елиминираат лошиот мирис, туку и ги убиваат бактериите.
Капа која нема да ви дозволи да заспиете на воланот
Компанијата Ford Trucks има произведено капа со вграден сензор кој ги следи движењата на главата и предупредува на опасност со помош на звуци, вибрации и светлосни сигнали за возачот да не заспие.
Справа што ги чита мислите
Справата AlterEgo може да чита и разбира зборови кои не се кажани гласно.
Таа се закачува за брадата и ги чита невромускулните сигнали на лицето, ги процесира преку специјална програма, која одредува што мислел човекот и може да зборува користејќи го Google.
Перница што спречува ‘рчење
Перницата од компанијата Rem-Fit се грижи за здравиот сон . Таа превенира ‘рчење така што нежно го буди сопственикот, па дури и пушта приспивни песни.
Мелодијата е тивка и ја слуша само сопственикот и не пречи на личноста што го дели креветот со него.
Рачни часовници кои се полнат од телесната температура на сопственикот
PowerWatch часовниците имаат термоелектрична технологија која ја собира топлината од телото и ја претвора во енергија, што константно ја полни батеријата и тоа без жици и сензори.
Часовникот работи и во екстремни услови, како при нуркање или планинарење.
С. С. | Црнобело