Нов пронајдок - машина за самоубиство се рекламира како „стилска и елегантна“

Машината за самоубиство со име Сарко (скратено од саркофаг) е дело на Д-р Филип Ничке, којшто е борец за правата на луѓето сами да одберат кога ќе умрат.

Mashina-za-samoubistvo-se-reklamira-kako-stilska-i-elegantna-01.jpg

Машината е дизајнирана како капсула и се исполнува со азот којшто предизвикува смрт со задушување на корисникот. Потоа капсулата може да се откачи и да се искористи како ковчег за починатиот корисник.

https://twitter.com/philipnitschke/status/983598511546667008/photo/1

Сарко беше изложена на саемот за погребни претпријатија во Амстердам, минатиот викенд.

Во план е машината да има опција за да биде раководена со команди со трепкање на корисникот за оние коишто се многу болни и неподвижни, а на саемот беше изложена 3Д печатена верзија од истата со виртуелна реалност од процесот на умртвување.

Mashina-za-samoubistvo-se-reklamira-kako-stilska-i-elegantna-02.jpg

Голем дел од луѓето веруваат дека со овој чекор се глорифицира самоубиството и стравуваат дека може да стане нов тренд и мода меѓу дел од народот.

Исто така, во Европа се гледа многу негативно на користењето на гас како метод за самоубиство, бидејќи тоа се поврзува со холокаустот и гасните комори.

Првата машина се планира да биде произведена кон крајот на оваа година.

Оваа вест предизвика огромна контроверзија помеѓу борците за евтаназија и оние кои веруваат дека само Бог смее да ги одземе животот.

Какво е вашето мислење?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg