Трите омилени Инстаграм филтри на популарните блогери

Листајќи низ Инстаграм ќе најдете голем број на фотографии со совршен контраст, светлина и изостреност, кои познатите блогери ги постигнуваат благодарение на VSCO апликацијата.

trite-omileni-instagram-filtri-na-popularnite-blogeri-001.jpg

Кога зборуваме за филтрите низ кои поминува една фотографија, речиси сите блогери се едногласни – има топ 3 врвни опции со кои не можете да погрешите.

Па, ако сакате и вие да имате фантастичен вкус и изострено око за детали и бои, послужете се со некој од следниве VSCO филтри:

HB2 – ја задржува изворната боја на фотографијата, но додава малку светлина. Го зајакнува контрастот, па е одличен за динамични фотки во движење.

trite-omileni-instagram-filtri-na-popularnite-blogeri-2-1.jpg

A6 – филтер кој ја прочистува фотографијата и ги истакнува природните тонови на неа. На деталите им дава топол призвук.

trite-omileni-instagram-filtri-na-popularnite-blogeri-2-2.jpg

G3 – филтер идеален за зен ефект. Фантастичен е за дотерување на летните фотки.

trite-omileni-instagram-filtri-na-popularnite-blogeri-2-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg