Како Фејсбук и Инстаграм си споделуваат информации и знаат точно што да ви сервираат?

Социјалните мрежи ги следат вашите активности и знаат сè за вашите желби, па токму затоа и ви пласираат реклами од вашите сфери на интерес.

kako-fesjbuk-i-instagram-si-spodeluvaat-informacii-i-znaat-tochno-shto-da-vi-serviraat-01.jpg

Веста со кражбата на податоци од Фејсбук е жешка тема периодов. Фејсбук знае сè за нас и навистина е важно што прави со нашите лични податоци.

Најверојатно знаете дека Фејсбук и Инстаграм се поврзани, но како функционира сето тоа?

Фејсбук го поседува Инстаграм

Неодамнешна анкета покажа дека 60% од луѓето не знаат дека Фејсбук го поседува Инстаграм, па затоа за секој случај ви ја пласираме оваа информација.

kako-fesjbuk-i-instagram-si-spodeluvaat-informacii-i-znaat-tochno-shto-da-vi-serviraat-03.jpg

Фејсбук и Инстаграм користат иста алатка за реклами

Ако сакате да се рекламирате на Инстаграм тоа оди преку алатката за рекламирање што ја поседува Фејсбук. Двете платформи заедно собираат информации за вас, кои им помагаат потоа во таргетирано пласирање на информациите.

Се разбира, некои реклами може да одат само на Инстаграм доколку огласувачот го сака тоа, но сепак процесот оди преку алатката на Фејсбук.

kako-fesjbuk-i-instagram-si-spodeluvaat-informacii-i-znaat-tochno-shto-da-vi-serviraat-02.jpg

Фејсбук му дава информации на Инстаграм

Брендовите што се рекламираат може да ве „нападнат“ на Инстаграм согласно тоа што сте лајкувале или следеле на Фејсбук. Тие имаат информации дали сакате чанти, компјутери или мебел, согласно тоа што сте пребарувале на Фејсбук, па токму реклама од тој тип и ќе ви се пласира.

kako-fesjbuk-i-instagram-si-spodeluvaat-informacii-i-znaat-tochno-shto-da-vi-serviraat-05.jpg

Но, што ако Фејсбукот ви е нормален приказ на вашиот живот, а Инстаграм профилот ви е чуден, на пример ставате фотки само од вашето куче и следите само профили за кучиња?

Сепак ќе ви се прикажуваат реклами од вашите интереси сумирани општо од активностите на Фејсбук и Инстаграм. Социјалните мрежи внимаваат какви профили следите, што лајкувате, коментирате, споделувате, па дури и колку долго се задржувате на една содржина.

kako-fesjbuk-i-instagram-si-spodeluvaat-informacii-i-znaat-tochno-shto-da-vi-serviraat-07.jpg

Ниту опциите за приватност не помагаат

Поставувањето на приватноста може да спречи што другите луѓе ќе видат за вас, но не и што социјалните мрежи ќе дознаат за вас од вашите активности. Тие влечат информации и од заштитените профили.

kako-fesjbuk-i-instagram-si-spodeluvaat-informacii-i-znaat-tochno-shto-da-vi-serviraat-04.jpg

На пример, ако пребарувате понуди за хотели во Солун и сами сте забележале дека потоа понуди за сместување во Солун ви излегуваат и на Фејсбук и на Инстаграм.

Дури и кога пребарувањето го вршите на интернет, сосема на страна од социјалните мрежи, ако немате поставено некоја специјална заштита, Фејсбук и Инстаграм пак знаат што правите преку специјални кодови за следење на активностите.

kako-fesjbuk-i-instagram-si-spodeluvaat-informacii-i-znaat-tochno-shto-da-vi-serviraat-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg