Компјутер кој чита мисли
Тим од американски научници успеаа човековите мисли да ги претворат во подвижна слика прикажана на компјутер, а со тоа ја создадоа првата ефикасна...
... машина која нашите мисли може да ги визуелизира.
Уредот кој научниците го осмислија и направија, ја проучува мозочната активност и ги претвора овие податоци во слика на екранот од компјутерот.
Со ова, тие направија чекор поблиску до нешто што досега се сметаше повеќе за научна фантастика, отколку за нешто што може да се изведе во реалноста, а тоа е "телепатски компјутер".
Научниците велат дека оваа технологија најмногу ќе и биде од помош на полицијата при разрешување на различни злострства, бидејќи со нивна помош ќе може да се визуелизираат настаните, онакви какви што сведоците ги виделе во моментот кога злочинот се случил.
Тимот на научници во својот носечки експеримент, ја скенираше мозочната активност на двајца доброволци чии резултати не беа одлично претставени, но главните делови со неколку важни детали беа покажани.
Џек Галан, еден од научните кои го создадоа овој уред, тврди дека со помош на оваа технологија ќе се помогне и при препознавање на терористи, со што ќе се подигне нивото на светската безбезбедност.