Закрепнува пазарот на мобилни
Според резултатите на истражувачката куќа IDC, пазарот на мобилни телефони се опоравува. Во третиот квартал биле испорачено вкупно 287 милиони...
...мобилни телефони што преставува дури за 5,6% подобар од претходниот квартал, но и за 6% полош од истиот квартал минатата кодина.
Во конкуренцијата помеѓу производувачите, Nokia и понатаму е на првото место, но во споредба со минатата година уделот на компанијата опаднал за 38,6%.
Второто место го превзема Samsung кој испорачал дури 60,2 милиони телефони и со тоа превземалe дури 21% од пазарот.
На трето место е LG со 11% од пазарот, потоа следи Sony Ericsson со 4,9% пa Motorola со 4,7% од светскиот пазар.
Аналитичарите од IDC за четвртиот квартал очекуваат пораст, но предупредуваат дека вистинското закрепнување допрва се очекува.