Изработка на модели на фетуси
Среќните родители ќе можат да нарачаат 3D модел на своите сеуште неродени деца, благодарејќи на технологијата која ја патентираше бразилскиот доктор...
... Јорге Лопес.
Тој во Лондон го претстави својот најнов изум, односно технологија со која што се израборува пластичен 3D модел на фетусот на основа на сликата од ултразвукот и скенирани слики на магнетна резонанца.
"Да го погледнете само лицата на мајките откако ќе го добијат пластичниот модел на неродените деца - тоа е нешто неописливо. Дури ни најдобриот ултразвук не може да се спореди со ова", изјавил бразилскиот доктор, кој наскоро ке има изложба во Лондон на некои изработки на 3D фетуси.