Интел и Нокиа заедно
Американскиот лидер во производството на процесори Интел и финскиот телекомуникациски гигант Нокиа постигнале договор за долгорочно партнерство...
...чија цел би била развој на нова архитектура, производи и услуги за мобилни телефони од новата генерација, пренесува агенцијата Ројтерс.
Тоа партнерство би можело да му овозможи на Интел поголем пристап на мобилниот пазар кој оваа компанија се обидува да го оствари во изминативе 10 години, иако нејзините процесори се наоѓаат во 80% од компјутерите во светот.
Сега компанијата Интел преку Нокиа ќе ги вградува своите чипови Атом во мобилните телефони.
Интел исто така објавил дека со помош на овј договор ќе добие право на патенти за бежична технологија со голема брзина.
Компаниите планираат и соработка во развојот на софтвер за мобилните телефони кои користат Линукс оперативен систем.
Интел и Нокиа планираат да развијат нова платформа која би ги спојувала мобилните телефони и компјутерите во еден уред кој би ги имал сите потребни работи.