Секогаш на вистински пат
Од целокупната потрошувачка на електроника, GPS уредите во последните две-три години имаат најголем раст, поголем и од LCD и плазма...
...телевизорите, мобилните, mp3... Во последно време продажбата е заостанат заради тоа што купувачите можат да го пронајдат уредот веќе вграден во својот нов автомобил.
Но, затоа GPS чиповите станаа толку ефтини и едноставни шти нив се почесто ги вградуваат во мобилните телегони, или пак се нудат за најразлични уреси, од дигитални фотоапарати го играчки конзоли.
GPS технологијата, до неодамна комплицирана за употреба, премина во масовна употреба.
GPS прво се “насели“ во мобилните телфони за оние со посебни желби и подлабок џеб, но производителите наскоро увидоа дека GPS е згодно да имате и во “нормален“ мобилен.
Прва била “Нокиа“ која ја почна серијата “Навигатор“ во потполност прилагодена за GPS со голем екран и едноставно управување и навигација. Финците тогаш издадоа бесплатен софтвер Nokia maps кој може да се мери со најквалитетните софтвери на специјализираните фирми - но, за разлика од нив е бесплатен.
Така сопствениците на поквалитетен Nokia телефон се здобија со можност за користење на GPS уред еднакво квалитетно како да имаат во џепот GPS уред.