Според истаржувачкиот центар „Pew“, дури 65% од Американците секојдневно ги употребуваат социјалните мрежи, а овој број полека но сигурно расте уште од 2005-та година. Дигиталната пандемија е толку голема што ако ги погледнете луѓето околу вас, многу поверојатно е дека ќе ги забележите како гледаат во својот телефон, одошто да имате некаков контакт очи во очи.