„Ја напуштив работата за да станам инфлуенсерка за ентериер (домот ми е розов рај)“
- Детали
- среда, 15 февруари 2023
Од тоалети до врати, апсолутно сè во домот на 35-годишната Софи е розово. Таа дури почнала да заработува преку Инстаграм со прикачување фотки од домот и си дала отказ на работа.
Софи Ферари Вилс (35) од Велика Британија одлучила својот дом да го претвори во пастелно розов рај.
Со својот сопруг Крис (42) ја купиле куќата, изградена во 60-тите, во 2019 година и почнале да ги бојадисуваат ѕидовите и комплетно да реновираат и да го креираат розовиот рај од соништата на Софи.
Мајката на две деца почнала на Инстаграм да прикачува фотографии од нејзиниот дом и сфатила дека има огромен интерес и собрала многу следбеници.
Па, откако сфатила дека може да заработува на овој начин, одлучила да си даде отказ од работното место и да стане инфлуенсерка за ентериер.
Денес има 354.000 следбеници со кои споделува детали од нејзиниот дом, а им дава и совети околу уредувањето на ентериерот во нивните домови.
Покрај, Софи во домот уживаат и нејзините две ќерки, каде дури и вратите и тоалетите се обоени во розово.
Во розовиот рај на Софи: