4-годишно дете од Англија е меѓу најмладите членови на Менса – со поголема интелигенција од 99.5% од луѓето во светот
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2023
Теди Хобс од Англија има само четири години, а веќе е еден од најмладите членови на Менса. Тој почнал да чита на 2-годишна возраст, а знае да брои до 100 на шест странски јазици.
4-годишно момче од Англија стана еден од најмладите членови на Менса – најголемата и најстарата организација за луѓе со натпросечен коефициент на интелигенција.
Според неговата мајка, малиот Теди Хобс почнал да ја покажува високата интелигенција за време на пандемијата.
„Отсекогаш го интересирале книги, па секогаш му купувавме. Но, за време на локдаунот, почна да покажува уште поголем интерес, па додека да наполни 26 месеци веќе знаеше да чита.
Потоа почна да учи броеви. За Божиќ му купивме таблет за да игра игри, но наместо тоа, тој научи да брои до 100 на мандарински“, споделува мајка му.
Таа вели и дека Теди знае да брои до 100 на вкупно шест странски јазици, вклучувајќи велшки, француски и германски.
Родителите на Теди најпрво биле збунети од брзиот напредок на нивното дете, па решиле да се консултираат со експерти.
„Бидејќи наскоро ќе почне да оди на училиште, сакавме да ги знаеме неговите способности“, открива мајка му Бет.
Барајќи соодветна поддршка за нивниот син, Бет и сопругот решиле да се консултираат и со Менса.
Експертите од Менса утврдиле дека неговиот коефициент на интелигенција е во 99-иот перцентил. Односно, тој има повисок коефициент од 99,5% од луѓето во светот.
За споредба, за да станете дел од Менса, треба да бидете 98-иот перцентил.
„Кога ни кажаа дека спаѓа во 0,5% од населението според интелигенцијата, бевме изненадени“.
Дополнителни тестирања покажале дека на 4-годишна возраст, Теди распознава букви и зборови како 8-годишно дете.
Па, сега Теди е најмладиот член на Менса од Англија.
„Навистина нè изненади. Никогаш не сме го терале да прави нешто, само ги следиме неговите интереси, како книги“.
Иако родителите се свесни дека Теди го очекуваат многу успеси, засега тие сакаат да има нормално детство.
„Минува низ различни фази – сега ги учи знамињата на земјите ширум светот. Но, неодамна почна да покажува интерес за пластелин, а тоа е одлично.
Сè што сакаме е Теди да биде добра личност и да има среќен живот“.
Спирова С. | Црнобело