Баз Олдрин, вториот човек кој стапна на Месечината, се венча на 93-иот роденден со 30 години помлада жена

Баз Олдрин, попознат како вториот човек кој стапна на Месечината во 1969-та, се венча на својот 93-ти роденден, и тоа по четврти пат, а неговата сопруга е цели 30 години помлада од него.

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-01.jpg

Баз Олдрин, астронаутот кој заедно со Нил Армстронг стапна на Месечината во 1969 година, на својот 93-ти роденден се венча по четврти пат.

Олдрин, кој го прослави роденденот во петокот, 20-ти јануари, ги сподели новостите на Твитер.

Неговата сопруга – Анка Фаур – има 63 години, а парот е заедно подолг период.

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-08.jpg

„На мојот 93-ти роденден и на денот на кој исто така ќе бидам почестен од Живите легенди од авијацијата, со задоволство споделувам дека мојата долгогодишна девојка, доктор Анка Фаур, и јас стапивме во брак.

Се венчавме со мала приватна церемонија во Лос Анџелес и сме возбудени како тинејџери“, пишува астронаутот.

Сопругата на Олдрин работи во неговата компанија – Buzz Aldrin Ventures LLC – од 2019 година и е доктор на науки во областа на хемиското инженерство.

Ова е четвртиот брак на Олдрин, кој претходно беше венчан со Џоан Ан Арчер, Беверли Ван Зиле и Лоис Дригс Канон. Тој има и три деца од првата сопруга.

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-06.jpg

Баз Олдрин е познат по историското патување до Месечината во 1969 година со мисијата Аполо 11.

Тој е вториот човек кој стапна на Месечината, по астронаутот Нил Армстронг.

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-0.jpg

Олдрин се пензионира од НАСА во 1971 година, а потоа основа своја непрофитна организација насочена кон истражување на вселената.

Иако Олдрин го доживеал сонот на многу деца, па и возрасни, по патувањето до Месечината минувал низ тежок период.

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-02.jpg

Имено, астронаутот повеќе не знаел што да прави со себе, па долг период страдаше од депресија и алкохолизам.

Но, тој е трезен повеќе од 40 години и сега изгледа навистина среќно.

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-03.jpg

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-04.jpg

baz-aldrin-vtoriot-chovek-koj-stapna-na-mesechinata-se-vencha-na-93-tiot-rodenden-so-30-godini-pomlada-zhena-9.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg