Мајка на 4 деца ја откри тајната за витката линија: „Имам секс двапати дневно“
- Детали
- вторник, 24 јануари 2023
„Можете да правите чучнувања во голем број пози, плус докажано е дека сексот е добар за умот, телото и духот“ – вели оваа мајка на 4 деца и тврди дека редовните интимни моменти со сопругот ѝ помогнале веднаш да се врати во форма по последната бременост.
Карла Белучи (41) е Инстаграм инфлуенсерка која е мајка на 4 деца и тврди дека наместо да вежба и да оди во теретана, линијата ја одржува со редовен секс.
Карла даде изјава за весникот Daily Star и тврди дека нејзиниот одличен изглед го постигнала така што двапати дневно има секс со нејзиниот сопруг.
„Ако имате добар секс, немате потреба од вежбање. Сите мајки што даваат стотици евра за членарина во теретани треба да си ги побараат парите назад, навистина не ги разбирам.
Потребно е само двапати дневно да имате секс и тоа е одлично за да бидете во форма“ – вели таа.
Таа вели дека по четвртото дете одлучила дека ќе ослаби така што ќе вежба во спалната соба.
„Можете да правите чучнувања во голем број пози, плус докажано е дека сексот е добар за умот, телото и духот“ – вели таа.
Сепак, признава дека покрај редовниот секс, секој ден вежба околу 20 минути дома и дека многу внимава на исхраната.
Според неа, жените што по породувањето не можат да ослабат имаат друг проблем:
„Пијат по шише вино секоја вечер додека гледаат Нетфликс, одат во теретана секој ден, а потоа ги гледате како си заминуваат со кафе полно со шлаг во рацете“ – вели таа.
На прашањето како покрај 4 деца успева да најде време за редовен секс со сопругот, таа рече:
„Секогаш имам време за секс.“
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело