Разголени фотосесии, бакнежи во реално шоу со порно ѕвездата Џена Џејмисон – Бурното минато на шведската принцеза Софија
- Детали
- недела, 22 јануари 2023
Имаше бурно минато во кое разменуваше бакнежи со позната порно ѕвезда, се фотографираше топлес за насловна страна на списание за мажи, а денес е посветена мајка на 3 деца и сопруга – факти за шведската принцеза Софија.
Се чини дека кога се зборува за кралските дами низ светот, најпопуларни се Кејт Мидлтон и кралицата Летиција од Шпанија, но и принцезата Софија од Шведска е жена која ги краде воздишките на голем број мажи и жени од светот.
Софија денес има 38 години, а е сопруга на шведскиот принц Карл Филип и снаа на кралот Карл 16-ти Густаф и кралицата Силвија.
Во продолжение неколку интересни факти за неа:
Родена во 1984-та година, Софија Хелквист пораснала во семејство од средната класа со уште две сестри. Благодарение на убавиот изглед и впечатливите сини очи, уште на 20 години почнала да работи како модел.
Една од нејзините скандалозни фотографии е онаа во магазинот за мажи Slitz, каде на насловната страна се појавила само во долен дел од костим за капење и змија околу горниот дел.
По оваа фотографија обезбедила учество во реалното шоу Paradise Hotel. Секоја недела учесниците требало да ја делат собата со различен учесник, а честопати биле снимени во компромитирачки сцени.
Така Софија ја делела собата со порно ѕвездата Џена Џејмисон, а тие двете биле снимени како се бакнуваат. Освен тоа, меѓу најзапаметените, е и сцената каде Софија легнува во топлес издание за да добие масажа од еден од учесниците.