Мишел Обама: „Во првите 10 години од бракот не можев да го поднесам Барак, но не се откажав“
- Детали
- петок, 30 декември 2022
„Кога доаѓаат тешките периоди во бракот луѓето најчесто се откажуваат. Имаше 10 години во бракот, кога не можев да го поднесам сопругот и сметав дека не сме рамноправни“ – откри поранешната прва дама на САД, Мишел Обама и истакна дека и покрај сѐ е среќна што успеала да го сочува бракот кој трае 30 години.
Мишел (58) и Барак Обама (60) неодамна прославија 30 години брак со објави на социјалните мрежи во кои си упатија честитки по повод овој важен ден, а споделија повеќе фотографии што досега не сме ги виделе.
Поранешниот претседател објави серијал фотографии до кои напиша:
„По 30 години, не знам зошто ти изгледаш сосема исто како на почетокот, а јас не. Но, знам дека освоив лото добивка тој ден – дека никогаш немаше да најдам подобар партнер за животот. Среќна годишнина, душо моја.“
Тие двајца се запознале во 1989-та година, стапиле во брак во 1992-ра година, а Мишел откри дека и нивниот брак имал голем број падови.
Мишел отворено говори за својот брак со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, па призна дека не било секогаш сѐ совршено меѓу нив двајцата.
Во разговор на телевизија, Мишел откри дека имало период кога воопшто не можела да го поднесе својот сопруг.
„Луѓето мислат дека сум лутa кога зборувам за ова – но имаше еден период од 10 години кога не можев да го поднесам мојот сопруг. Погодете кога беше тој период? Кога нашите деца беа мали.
Во тој период од 10 години додека се трудевме да ги изградиме кариерите и се грижевме за училиштето и кој што треба да направи, постојано ми се чинеше дека тоа не е рамноправност.
Знаете што, бракот никогаш не е 50/50. Постојат периоди кога јас се вложувам со 70 отсто, а тој со 30, има периоди кога тој вложува 60, 40, но знаете што?
Тоа беа само 10 години, а ние сме во брак 30 години. Би прифатила само 10 лоши години, наместо 30 – сѐ зависи од начинот на перцепција, а луѓето се откажуваат“ – појасни Мишел.
Повеќе заеднички фотографии од Мишел и Барак во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело