Модната дизајнерка Вивиен Вествуд почина на 81 година – работела до последен момент, светот на модата се збогува од неа

„Кралице на панкот. Ме научи да слушам и да сакам. Ќе ми недостасува најкул, најзабавната, најкреативната жена“ – напиша Бела Хадид по веста дека Вивиен Вествуд, легендарната модна дизајнерка, почина на 81-годишна возраст, мирно и опкружена со семејството.

modnata-dizajnerka-vivien-vestvud-pochina-na-81-godina-rabotela-do-posleden-moment-svetot-na-modata-se-zboguva-od-nea-01.jpg

На официјалната страна на Вивиен Вествуд објавија дека дизајнерката починала на 29 декември.

„Вивиен Вествуд почина денес, мирно и опкружена со семејството во Јужен Лондон. На светот му се потребни повеќе луѓе како Вивиен за да се направат подобри промени“ – стои во соопштението.

Нејзиниот партнер, Андреас Кронтхалер, кој е моден дизајнер и креативен директор во нејзиниот бренд се збогуваше од својата сакана со изјавата:

„Ќе продолжам понатаму со Вивиен во моето срце. Работевме до самиот крај и ми остави премногу работи со кои ќе продолжам. Ти благодарам драга“.

И моделот Бела Хадид се збогуваше од модната дизајнерка, објавувајќи неколку фотографии со неа и напиша:

„Најдрага Вивиен, кралице на панкот. Од првиот ден кога те запознав до последниот ден кога те видов, ме тераше да се смеам, да слушам да учам и да сакам повеќе од денот претходно.

Засекогаш ќе ти бидам благодарна што бев во твојата орбита, бидејќи за мене, во модата и хуманоста, ти Вивиен, беше Сонцето.

За најкул, забавната, неверојатна, креативна, смела, интелигентна и легендарна личност што чекорела на Земјата... Мојата инспирација и идол во сите работи.

Почивај во љубов и мир. ќе ни недостасуваш. Ја праќам мојата љубов на драгиот Андреас и целото семејство. Таа беше сакана од многумина.“

Вивиен својот имиџ и име го изгради со контроверзниот панк и нов бран на стил во 70-ите години, а низ децениите ги облекуваше најголемите ѕвезди во светот на модата.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Мајка му го киднапирала, па го однела да живее во култ: Детали за детето од Англија по кое се трагаш... Пред шест години, тогаш 11-годишниот Алекс од Англија отишол на одмор со мајка м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg