Трогателно писмо од тинејџерка, која преживеала благодарение на трансплантација на срце од 19-годишна девојка

„Ова е денот кога ми беше дадена втора шанса за живот и денот кога нечие дете, тетка, братучетка ми го даде своето срце на мене. Се надевам дека мојата приказна ќе инспирира барем една личност да размисли за донација на органи“, вели Кејли Левелин (15) од Велика Британија и сака да ја подигне свеста за донирање на органи.

trogatelno-pismo-od-tinejdjerka-prezhiveala-blagodarenie-na-transplantacija-na-srce-od-19-godishna-devojka-01.jpg

Кејли Левелин (15) e тинејџерка од Велика Британија која преживеала благодарение на трансплантација на срце кое го добила од прерано починатата Синед Бри (19), девојка со која воопшто не се ни познавала.

Таа страдала од кардиомиопатија, болест на срцевиот мускул која ја отежнува работата на срцето, односно пумпањето крв низ телото.

trogatelno-pismo-od-tinejdjerka-prezhiveala-blagodarenie-na-transplantacija-na-srce-od-19-godishna-devojka-04.jpg

Тинејџерката, 3 години по трансплантацијата, вели дека иако срцето го добила од комплетен странец, сега во себеси ја чувствува блиска Синед и затоа одлучила да испрати писмо до нејзиното семејство.

Во трогателното писмо таа пишува дека во секое насмеано лице на светов гледа како светлината на Синед уште блеска.

trogatelno-pismo-od-tinejdjerka-prezhiveala-blagodarenie-na-transplantacija-na-srce-od-19-godishna-devojka-05.jpg

Нејзиното писмо на третата годишнина од трансплантацијата гласи:

„Денешниов ден ми враќа толку многу емоции и тешко е тоа да се опише со зборови.

Ова е денот кога ми беше дадена втора шанса за живот и денот кога нечие дете, тетка, братучетка ми го даде своето срце на мене.
Ова е денот кога започнав ново поглавје во животот. Денот кога го славиме подарокот наречен живот и оддаваме почит на Синед и нејзиното семејство.

Синед, можеби не бевме на иста патека пред тоа, но денес ти чекориш со мене.
Се надевам дека нашата приказна ќе инспирира барем една личност да размисли за донација на органи.

За донорите таму, живи и починати, вие сте вистинските херои.“

Инаку, Синед, донорот на Кејли починала на само 19 години.

trogatelno-pismo-od-tinejdjerka-prezhiveala-blagodarenie-na-transplantacija-na-srce-od-19-godishna-devojka-03.jpgСинед

Нејзиното семејство прифатило да се сретне со Кејли и нивната средба била навистина емотивна.

„Навистина беше емотивно да ја видиме Кејли за првпат. Знаеме дека дел од Синед живее во неа. Таа донираше органи на 4 луѓе, таа спаси 4 животи.

Синед сакаше да работи во полиција и да им помага на деца и ако има задгробен живот јас верувам дека оттаму сега се грижи за Кејли. Таа сакаше да им помага на другите“, изјави таткото на Синед.

Кејли поминала 100 дена во болница, пред да ѝ биде направена трансплантацијата во 2019 година.

trogatelno-pismo-od-tinejdjerka-prezhiveala-blagodarenie-na-transplantacija-na-srce-od-19-godishna-devojka-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Девојка од Австралија 12 години патува сама низ светот и спие бесплатно по хотели (фото) „Животот ме одведе во хотели со 5 ѕвезди, летови со прва класа, најубави рестора...
Емотивно до солзи: Болна мајка присуствува на свадбата на ќерката, ден пред да почине „Мојот сопруг ме запроси на 18-ти август, следното утро веднаш ја направивме сва...
Дечко ја убил бившата девојка 2 дена пред нејзиното дипломирање: Убиството што ги потресе Италија и ... Минатата недела, илјадници Италијанци протестираа барајќи поголема заштита за же...
Маж осуден откако силувал девојка во воз, а никој од патниците не реагирал - Детали за случајот што ... Рајан Џонстон е осуден на 9 години затвор од страна на судот во Лондон, откако в...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg