Маж од Уганда има 12 жени и 102 деца: „Не правам веќе деца, им наредив на жените да земаат таблети за контрацепција“

„Штом ќе се оженев со една жена, веднаш барав друга. Како може човек да се задоволи со една жена?“ – прашува овој маж од Уганда кој има 12 жени, 102 деца и 568 внуци, а се жали дека заради големиот број деца и малата плата, постојано е во финансиска криза.

mazh-od-uganda-ima-12-zheni-i-102-deca-ne-pravam-vekje-deca-im-narediv-na-zhenite-da-zemaat-tableti-za-kontracepcija-01.jpg

Муса Хасаја (67) од Уганда има 12 жени, 102 деца и 568 внуци, а вели дека конечно донел одлука да престане да го проширува семејството.

mazh-od-uganda-ima-12-zheni-i-102-deca-ne-pravam-vekje-deca-im-narediv-na-zhenite-da-zemaat-tableti-za-kontracepcija-05.jpg

Муса живее во Лусака во Уганда каде полигамијата е легална, а вели дека им наредил на неговите сопруги да почнат да земаат таблети за контрацепција со цел да се спречат идните (несакани) бремености, затоа што, веќе нема доволно финансии за да го издржува семејството.

„Со текот на годините платата ми станува сè помала и помала заради поскапувањето на основните продукти за живот, а моето семејство станува сè поголемо.

Штом ќе се оженев со една жена, веднаш барав друга. Како може човек да се задоволи со една жена? Лесно ми е да ги надгледувам и да не им дозволам да побегнат со други мажи во селото“ – вели Муса.

mazh-od-uganda-ima-12-zheni-i-102-deca-ne-pravam-vekje-deca-im-narediv-na-zhenite-da-zemaat-tableti-za-kontracepcija-02.jpg

Најмладата сопруга на Муса, Зулајка има околу 30 години и е 20 години помлада од најстариот син на Муса, кој има 51 година.

mazh-od-uganda-ima-12-zheni-i-102-deca-ne-pravam-vekje-deca-im-narediv-na-zhenite-da-zemaat-tableti-za-kontracepcija-04.jpg

Зулајка за време на бракот со Муса родила 11 деца, а вели дека веќе не сака да има деца и затоа редовно зема таблети за контрацепција, иако во нејзиното село каков било тип на заштита од несакана бременост се врзува со промискуитетност.

mazh-od-uganda-ima-12-zheni-i-102-deca-ne-pravam-vekje-deca-im-narediv-na-zhenite-da-zemaat-tableti-za-kontracepcija-03.jpg

Најмалото дете на Муса има 6 години, а околу 30-тина од неговите деца живеат заедно со него, на неговата фарма.

Тој вели дека веќе не може да работи заради влошената здравствена состојба, а по очајната финансиска состојба во која се нашло семејството две од неговите жени одлучиле да побегнат.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg