„Со сопругот сме нудисти – го прославивме Божиќ голи, додека нашите гости носеа облека“ (фото)

Хелен и Сајмон од Лондон се нудисти и не сакаат да носат облека дури ни кога имаат гости. За прославата за Божиќ во нивниот дом тие биле голи, додека нивните гости носеле облека, и истакнуваат дека никој не се чувствувал непријатно и вечерта поминала одлично.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-01.jpg

Додека нудистите обично ги поврзуваме со нудистички плажи, овие луѓе преферираат да бидат голи не само на плажа, туку секогаш кога тоа е возможно.

Хелен и Сајмон велат дека тие не носат облека дури ни кога имаат гости.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-006.jpg

За Daily Mail, парот од Англија открива дека тие го прославиле и Божиќ потполно голи, додека нивните гости носеле облека.

Според нив, тоа што не носат облека не е воопшто непријатно ниту за нив, ниту за гостите, и овогодишната прослава поминала најнормално – јаделе, пиеле и си разменувале подароци со гостите.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-04.jpg

Парот дури и ја приготвувал божиќната вечера без облека.

„Некои луѓе нè гледаат како да сме потполно луди, особено кога ќе дознаат дека ние сме домаќини за божиќната прослава.

Но, нас најважно ни е секој да си го прифаќа телото и секој да се чувствува пријатно“.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-05.jpg

Од двајцата, Сајмон бил првиот кој станал нудист и ѝ го покажал овој начин на живот на Хелен кога се запознале во 2015 година.

Но, Хелен вели дека ѝ биле потребни околу пет години за и таа да го прифати нудизмот.

„На почетокот му реков дека не ми пречи, но дека ќе мора да носи облека кога јас сум дома. По некое време почна да ’заборава‘ дека сум дома и шеташе гол.

Бев позагрижена да не ѝ пречи на ќерка ми, но таа рече дека не го ни забележува“.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-07.jpg

Хелен истакнува дека сега откако се „ослободила“ од облеката, не ни помислува да го промени начинот на живот.

Таа дури дала ѝ отказ од работното место во очна ординација, па сега работи како автор на содржини за магазин чиј фокус е нудизмот.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-02.jpg

По некое време, и ќерката и мајката на Хелен почнале да го поддржуваат парот.

„На почетокот ќерка ми ми викаше дека сум чудна, но сега ме поддржува. Сепак, не мислам дека наскоро и таа ќе стане нудист“.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-08.jpg

Хелен вели и дека, очекувано, се соочуваат со критики.

„Има луѓе кои дофрлаат невкусни коментари и пробуваат да го сексуалиризаат нудизмот, но тоа е многу погрешно“.

so-soprugot-sme-nudisti-go-proslavivme-bozhikj-goli-dodeka-nashite-gosti-nosea-obleka-foto-003.jpg

Според Хелен, најголемо ослободување во овој начин на живот е тоа што не мора да мисли што да носи, но и тоа што сега си го прифаќа телото такво какво што е.

„Сфатив дека потрошив 20 години од животот грижејќи се за мислењето на луѓето и што да носам. Сите имаме лузни и стрии, па убаво е кога не мора да се грижите дали ви се покриени.

Со ова ѝ помогнав и на ќерка ми да има подобра слика за себе“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg