Истрауматизирано девојче (11) заврши со нова фризура, откако си заплетка 50 играчки во косата
- Детали
- петок, 23 декември 2022
Од долга коса до кратка фризура под уши, Лили од САД играјќи си со својата сестра завршила истрауматизирана. Таа дури преспала со играчките во косата за да не ги вознемири родителите.
Лили Страјдер (11) од САД е девојче кое играјќи си со својата сестра завршило со заплеткани 50 бодликави играчки (познати како bunchems toys) во косата.
Овие играчки се меки, еластични топчиња и според изгледот личат на цветот од растението чичок.
Нејзината 34-годишна мајка вели дека Лили и сестра ѝ си играле со шарените топчиња, кога при играта голем дел од нив завршиле во косата на Лили и се закачиле на неа.
Двете девојчиња за да не ги разлутат родителите не ги разбудиле вечерта кога се случил настанот и Лили спиела со топчињата во главата, па уште толку ја влошила ситуацијата.
Утрото косата била во навистина хаотично издание.
Нејзината мајка се обидела да извади дел од играчките, но ѝ било потребно половина час за да извади само 2-3 од нив.
Тогаш ја донеле одлуката дека Лили мора да биде потстрижана и тоа голем дел од нејзината коса.
Сега, Лили има боб фризура, се шегува целото семејство.
По трауматичното искуство на Лили, нејзините родители испраќаат апел до другите родители да бидат внимателни со овој тип на играчки и да си спречат вакви главоболки непотребно.
Сте имале ли некоја ваква незгода вие со вашето дете?
Фризурата на Лили пред незгодата:
С. С. | Црнобело