„Работев со години во парфимерија - како секогаш знаев кога некој купува парфем за љубовницата?“
- Детали
- сабота, 24 декември 2022
„Секогаш купуваа два исти парфеми, затоа што сметаа дека така нема да бидат разоткриени“ – вели оваа девојка, која открива со кој трик се користеле мажите кога купувале подарок за љубовницата.
Оние што работат во парфимерии и цвеќарници може да ви раскажат милион приказни за мажите што влегуваат и купуваат подароци за своите љубовници.
Па така Шенон Хил, која во минатото работела во парфимерија, на ТикТок сподели видео во кое ја раскажува приказната за тоа како научила со каква итрина се служат мажите што изневеруваат за да не бидат фатени на дело.
„Работев неколку години на штанд на Chanel додека бев на колеџ и иако имав само 19 години брзо научив што прават мажите што изневеруваат.
За време на празниците тие вообичаено ќе дојдеа да ѝ го купат на сопругата омилениот парфем, кармин или други производи за нега на кожата.
Но, имаше и некои итри мажи што купуваа дополнителен подарок. Тие ќе дојдеа, ќе го купеа парфемот за нивната сопруга и ќе побараа да го спакувам, а потоа ќе го побараа истиот парфем и за љубовницата, затоа што не сакаа да си заминат од домот на нивната љубовница со мирис што е различен од оној на нивната сопруга“ – раскажува таа.
Таа исто така открива и кој парфем на Chanel, мажите најчесто го купувале за љубовниците.
„Секогаш го купуваа Coco Madеmoiselle. Никогаш не го купуваа Chanel No. 5 затоа што вообичаено тој парфем го купуваат за нивните мајки. Никогаш не го купуваа ниту Chance, секогаш беше Coco Mademoiselle“ – вели Шенон.
Нејзиното видео предизвика лавина коментари, а некои велат дека ѝ завидуваат на тоа што издржувала следниот пат кога ќе ја види сопругата, да не ѝ каже дека е прекрасно тоа што сопругот ѝ купува два скапи парфеми на секое доаѓање.
Погледнете го видеото:
@shannonhillnews It’s tea time ladies! ? #storytime #holidayseason #fyp #cheatinghusbands ♬ original sound - Shannon Hill
Б. С. Б. | Црнобело