„Бев исфрлена од ресторан поради мојот несоодветен топ - зарем вулгарно е ова? Без почит се!“

„Тоа навистина изгледа како горен дел од бикини и навистина не можеш да излезеш во бар со него“, се дел од осудувачките коментари откако некогашната Мис на Финска се пожали дека била исфрлена од локал, поради непримерниот аутфит. Соодветно или непримерно?

bev-isfrlena-od-restoran-poradi-mojot-nesoodveten-top-zarem-vulgarno-e-ova-bez-pochit-se-01.jpg

Ерика Фелин од Финска, која беше и избрана за Мис на Финска во 2018 година, се пожали на Инстаграм за непријатната ситуација која ѝ се случила во локал во Хелсинки.

Таа вели дека за ноќно излегување со пријателите носела розов бралет со срциња, мини здолниште и високи потпетици.

bev-isfrlena-od-restoran-poradi-mojot-nesoodveten-top-zarem-vulgarno-e-ova-bez-pochit-se-02.jpg

Но, во еден миг ѝ пристапил човек од обезбедувањето на локалот и ѝ рекол дека ќе мора да го напушти затоа што е несоодветно облечена, иако претходно на при влез никој не ѝ кажал ништо.

Ерика вели дека е бесна и повредена затоа што тој јавно го критикувал нејзиниот избор на облека и ја обвинил дека го прекршила дрес кодот на ресторанот.

Таа вели: „Ако бев несоодветно облечена зошто тогаш воопшто прво ме пуштија да влезам? Јас знам дека моето тело предизвикува реакции, но навистина е тажно што вака ме истретираа во локал каде сум редовен гостин со години.“

bev-isfrlena-od-restoran-poradi-mojot-nesoodveten-top-zarem-vulgarno-e-ova-bez-pochit-se-03.jpg

Дел од следбениците ја поддржаа Ерика, додека други ја осудија дека навистина била непристојно облечена.

Дел од коментарите се: „Тоа навистина изгледа како горен дел од бикини и навистина не можеш да излезеш во бар со него“, друг пак „Тој аутфит е добар, но за на плажа“, „Комплетно непримерно за вечерно излегување во ресторан или бар“.

Инаку Ерика сака впечатливи изданија за ноќни излегувања, од кои споделува фотки на Инстаграм.

bev-isfrlena-od-restoran-poradi-mojot-nesoodveten-top-zarem-vulgarno-e-ova-bez-pochit-se-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg