10-те најлајкувани објави на Инстаграм за 2022-ра - Меси ја надмина фотката од јајце
- Детали
- четврток, 22 декември 2022
Дури шест објави од Лионел Меси се помеѓу 10-те најлајкувани за 2022 година, а од другите познати личности, на листата се најдоа единствено Кристијано Роналдо, Зендеја и Том Холанд – колку лајкови имаат најпопуларните Инстаграм објави за оваа година?
Објавата на Лионел Меси по победата на Аргентина на Светското првенство не само што е најлајкувана за 2022-ра, туку за помалку од два дена стана и најлајкувана објава во историјата на Инстаграм.
Ова значи дека објавата на фудбалерот ја надмина и легендарната фотографија од јајце која сега има речиси 58 милиони лајкови.
До денес, 22-ри декември, неговата објава има над 68 милиони лајкови.
Фудбалерот сподели неколку фотки на кои позира со пехарот и тимот на Аргентина по тензичниот натпревар што се одржа во Катар.
„Шампиони на светот. Толку многу пати сонував за ова, толку многу го посакував што не можам да поверувам…
Голема благодарност до моето семејство, до сите кои ме поддржуваат и исто така до сите кои веруваа во нас.
Уште еднаш докажавме дека ние Аргентинците можеме да ја постигнеме нашата цел кога се бориме заедно и сме обединети“, пишува во описот.
Но, ова не е најлајкувана објава на фудбалерот – речиси сите негови објави од Светското првенство се меѓу 10-те најлајкувани за 2022 година.
Фудбалерите дефинитивно доминираат на Инстаграм годинава, па и две објави на Кристијано Роналдо се помеѓу првите 10.
Од останатите познати личности, пак, изгледа најмногу фанови имаат Том Холанд и Зендеја, чии објави исто така се помеѓу првите 10.