„Имам 33 години, очајна сум за деца, но мојот сопруг не сака – што да правам?“

„Заедно сме 10 години, го сакам, но откако наполнив 30 години, само размислувам за тоа да добијам бебе. Мојот сопруг не е заинтересиран и ми вели: ‘Имаме толку прекрасен живот, зошто да си го расипуваме?’“

imam-33-godini-ochajna-sum-za-deca-no-mojot-soprug-ne-saka-shto-da-pravam-001.jpg

33-годишна жена се исповеда за својот проблем со партнерот за магазинот TheSun.

Таа ја опишува ситуацијата:

„Кога ќе слушнам дека друга жена е бремена – плачам. Очајна сум да имам бебе, но мојот сопруг постојано пронаоѓа изговори за да ја одложиме работата.
Се прашувам дали да го оставам и да си најдам друг, пред да биде предоцна.

Јас имам 33 години, а тој 35. Во брак сме 7 години, а заедно сме 10.
Нашиот живот е одличен, освен овој проблем, а вљубена сум во него.

Откако наполнив 30 години, само размислувам за тоа да добијам бебе.
Мојот сопруг не е заинтересиран и ми вели: „Имаме толку прекрасен живот, зошто да си го расипуваме?“

Дел од мене мисли дека треба да пробам да забременам „случајно со намера“, па тој да нема опција. Но, знам дека тоа е незрело и погрешно.
Што да правам?“

Одговорот од експертот за врски на TheSun, гласи:

„Твојот биолошки часовник отчукува, а твојот сопруг не може да го чуе.

Не му прави трикови со бременоста – ќе си ја уништиш врската.
Имајте смирен и искрен разговор. Кажи му јасно дека ти го крши срцето и те оттурнува од себе. Прашај го искрено дали сака деца.

Ако сака, усогласете се да поставите краен рок кога да почнете да се обидувате да добиете дете.
Ако не, тогаш ќе мора да донесеш тешка одлука. Но, барем ќе знаеш на што си.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg