Браво! Доказ дека Јапонците се како од друг свет - го исчистија ѓубрето на стадионот во Катар, по отворањето
- Детали
- среда, 23 ноември 2022
„Јапонците никогаш не оставаат ѓубре зад себе. Ние го почитуваме местото. Ова не го правиме за камерите“, изјавија јапонските фанови на прашање од вчудовиден катарски инфлуенсер, кој не можел да си поверува на очите дека чистат и ги снимал.
Јапонците се познати по нивните уникатни навики, а дека навистина се како од друга планета, докажа и нивното однесување на отворањето на Светското првенство во фудбал во Катар.
Тие по завршување на натпреварот, во кој воопшто не ни играше нивната држава, го исчистија сето ѓубре од стадионот што го оставија останатите фудбалски фанови.
Јапонците собираа празни шишиња и разни други отпадоци во вреќи, а еден арапски инфлуенсер, воодушевен од нивното однесување ги сними и зема и куси изјави од нив, во кои тие велат дека едноставно навика им е да чистат и со тоа да покажат почит кон местото.
„Јапонците никогаш не оставаат ѓубре зад себе. Ние го почитуваме местото. Ова не го правиме за камерите.“
Видеото на кое се гледа неверојатното однесување на Јапонците:
Прочитајте и 10 јапонски навики кои се неразбирливи за остатокот од светот: Сосема е нормално некој да ви заспие на рамо
С. С. | Црнобело