„Кејт е дијамантот на кралското семејство“ – На првиот бал како принцеза, ја носи омилената тијара на Дијана (фото)
- Детали
- среда, 23 ноември 2022
За своето прво појавување како принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ја избра омилената тијара на принцезата Дијана. Елегантна и цврста како карпа, според твитерџиите сопругата на Вилијам уште еднаш покажа дека таа е „дијамантот на кралското семејство“ и достојна за кралица.
По смртта на кралицата Елизабета, Вилијам и Кејт добија нови титули и сега официјално се принцот и принцезата од Велс.
Кејт успеа да го украде вниманието на синоќешниот прв бал што беше приреден во чест на претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоза.
Таа се појави во бел фустан со омилените тијара и обетки на нејзината свекрва принцезата Дијана.
Тијарата што ја носеше Кејт е позната под името Lover's Knot, а била изработена за кралицата Мери во 1914-та година.
Се проценува дека денес чини околу 3 милиони долари, а е изработена од сребро, злато, дијаманти и 19 висечки бисери.
Оваа тијара била оставена во наследство на Елизабета, која потоа ѝ ја подарила на Дијана.
Инаку, токму Дијана е главен виновник што оваа тијара стана позната во јавноста, затоа што во голем број пригоди ја носеше токму оваа, а поранешната сопруга на Чарлс, призна дека по долготрајното носење, честопати чувствувала главоболки.
На својот прв бал како принцеза од Велс, Кејт ја носеше тијарата во чест на починатата мајка на нејзиниот сопруг, а на себеси носеше и брош со ликот на Елизабета Втора, со која ѝ оддаде почит и на починатата кралица.
Според твитерџиите, Кејт во моментов е „дијамантот на кралското семејство“, и секогаш успева целото внимание на присутните да го сврти кон себе.
https://twitter.com/triantafyllidi2/status/1595205260347310080
Од друга страна, кралицата придружничка Камила носеше виолетов фустан, а на себе ја носеше тијарата на Елизабета Втора.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело