Жена од САД е мајка на две прекрасни албино момчиња, чиј изглед хипнотизира (фото)
- Детали
- среда, 23 ноември 2022
Два од 4-те синови на Патрисија Вилијамс од САД се прекрасни албино момчиња, кои поради впечатливиот изглед често се дел од различни рекламни кампањи.
Патрисија Вилијамс од САД е мајка на четири синови, од кои две се албино момчиња.
Тие се родиле со бела косичка и сини очиња, а сега се големи момчиња со исто така впечатлив изглед.
Постарото албино синче Ред е родено 2012 година, а помалото албино синче Роквел - 6 години подоцна.
Во семејството немало други албино случаи, освен една баба, според тврдењата на Патрисија за американските медиуми.
Нејзините момчиња поради впечатливиот изглед постојано се дел од рекламни кампањи.
Албинизам се однесува на група ретки наследни состојби и болести на кои заедничка особина им е отсуството на пигментација на кожата, очите и косата. Промената во пигментацијата настанува поради нарушеност на пигментот меланин во метаболизмот, односно поради неможност организмот да го синтетизира или дистрибуира. Албинизмот се јавува кај еден човек на 20.000 луѓе.
Запознајте ги албино дечињата на Патрисија: