Девојка (25) е нова жртва на Измамникот од Тиндер: „Го гледав документарецот за него, но го сакав, не очекував дека ќе ме ограби“
Откако нарачаното возило стигнало, веднаш било запленето и тогаш дознала дека тоа е во сопственост на непознато лице, а не на нејзино име како што очекувала.
Ирен се обидела да му пабара на Шимон да ѝ ги врати парите, но тој постојано одложувал за на крај да ѝ даде чек што бил потпишан од друга жена, за која се дознало дека исто така била жртва на Измамникот од Тиндер (по објавувањето на документарниот филм).
„Мислев дека најголемиот проблем е што возилото не е на мое име. Кога видов дека не можам да го реализирам чекот сфатив дека имам многу поголем проблем“ – вели таа и појаснува дека по ова тој почнал да ѝ се заканува со автомобилот што ѝ го дал како замена и на судското сослушување рекол дека таа му го украла автомобилот.
איריין בת ה-25 לא האמינה שתיפול לאותם המקומות שאליהם נפלו נשים אחרות לפניה, אך השבוע היא הגישה נגד "נוכל הטינדר" תלונה על הונאה בסך 400 אלף שקל. בריאיון לחן זנדר היא נחשפת לראשונה ומספרת על האיש שהרס את חייה | הכתבה המלאה - מחר ב"שישי עם אילה חסון"@hen_zender @AyalaHasson pic.twitter.com/hE9IRjfKbw
— חדשות 13 (@newsisrael13) November 17, 2022
„Знаеше дека ми го уништува животот“ – вели таа.
Ирен и втората жртва кој паднале на неговиот шарм и по документарниот филм, сега се обидуваат по судски пат да му се спротивстават на Шимон и ги бараат назад украдените пари.
Прочитајте и Лажел девојки дека е милијардер и ги ограбувал, а бил само пет месеци во затвор – Каде е денес и што прави измамникот од Тиндер?
Б. С. Б. | Црнобело