Божиќната магија во Париз започна: Најубавите фотки од елката во Галерија Лафајет за 2022
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2022
Најубавата елка во Париз, во Галеријата Лафајет, е веќе наќитена во боите на планетата Земја и божиќната сезона официјално може да започне.
Во центарот на куполата, виси огромната божиќна елка која мами погледи и воздишки од минувачите, независно дали се стари или млади, а ова е традиција уште од 1976-та година.
Како секоја година што воодушевуваат со уникатните елки, така од Галеријата Лафајет ниту оваа сезона не потфрлија, иако е поразлична од претходно.
Оваа година елката не е натрупана со украси во сите бои, туку свети во зелена и сина боја, односно боите на планетата Земја и дава чувство како да сте во некоја зимска, снежна бајка, a oсвен огромната елка под куполата, божиќната магија не е целосна без украсените излози во трговската куќа, кои создаваат цела приказна.
„Да живее најубавата божиќна приказна под големата елка. Ве очекуваме. Дедо Мраз доаѓа под нашата божиќна елка“ – стои во официјалната објава на Инстаграм.
Погледнете кратко видео од поставувањето на елката:
Во продолжение повеќе фотки од новогодишната бајка во Галерија Лафајет:
https://www.instagram.com/p/ClNDH6rsKzP/
https://www.instagram.com/p/ClHbfDnrFvW/
М. М. | Црнобело