„Добив инфекција од брадата на дечко ми по бакнување со него и примав антибиотик – момци, и тоа се мие!“
- Детали
- петок, 18 ноември 2022
„Имам чувствителна кожа, а од бактериите на брадата добив инфекција“ - појаснува оваа 20-годишна девојка, која на социјалните мрежи сподели видеа и фотографии од инфекцијата што ја добила.
Девојките што имаат дечковци со брада знаат дека често може да им се случи иритација на кожата кога се бакнуваат, а оваа девојка на социјалните мрежи сподели фотографии од инфекцијата на кожата што ја добила.
Хана Пејџ на ТикТок сподели видео во кое може да се види инфицираната кожа под устата што ја добила по бакнежот со нејзиниот дечко.
Таа објави видео што досега го погледнале над 2 милиони луѓе, а напиша дека по терапијата со антибиотици се чувствува подобро.
„Мажи, ве молам мијте си го лицето... Им се извинувам на сите што ве излажав дека сум удрила во ѕид“ – напиша таа до видеото.
Инаку, во коментар до видеото појасни дека по 5 дена терапија во целост ѝ поминала инфекцијата, а како што рече има мошне чувствителна кожа па заради тоа кај неа состојбата толку се влошила.
Од брадата ѝ распукала кожата, а бактериите навлегле внатре и предизвикале инфекција.
Голем број од нејзините следбенички коментираат дека тоа им се случило кога се бакнувале со нивните партнери со брада, а една вели дека по таква случка одлучила во целост да се откаже од состаноци со мажи што не се бричат.
Погледнете го видеото:
@h.paigeee Round of antibiotics later… wash your faces please men #beardrash ♬ CUFF IT - Beyoncé
Б. С. Б. | Црнобело