Жена ја коментира изјавата на порно актерот Џони Синс: „Жените не сакаат 20 оргазми - сакаат еден“
- Детали
- петок, 18 ноември 2022
„20 оргазми? Нема шанси! Ако имаше Оскар за лажни оргазми, јас ќе го добиев. Но, како што продолжив да ги читам изјавите на Џони, нема да лажам, типот ме освои. Може ли Џони да отвори работилница за мажите во мојата земја?’, коментира Џена Хокингс за изјавата на порно актерот.
Познатиот порно актер Џони Синс изјави дека може да направи една жена да доживее оргазам дури и 20 пати едно по друго.
Веста одекна низ целиот свет, а сега неговата изјава ја коментира дури и познатата колумнистка од Австралија, Џена Хокингс.
„Неодамна ја прочитав храбрата изјава на Џони Синс и си помислив – Не пријателе, единствено што можеш е да добиеш толку лажни воздишки од жени кои сакаат позитивно да му влијаат на твоето его и што поскоро да легнат да спијат.
Жените го прават тоа цело време. Ако имаше Оскар за лажни оргазми, јас ќе го добиев.
Но, како што продолжив да ги читам изјавите на Џони, нема да лажам, типот ме освои.
Можеби не верувам дека ќе успее да направи жена да дојде до 20 оргазми, но верувам дека ќе направи да дојде барем најмалку до еден.
Зошто? Затоа што става фокус на задоволството на жената. Ме освои кога кажа дека отсекогаш сакал да ја задоволи апсолутно секоја девојка со која бил и да ја доведе до оргазам.
Си помислив може ли овој маж да отвори работилница во Австралија и да им даде по некоја лекција на мажите тука?
Добро, не сакам да ги осудам сите. Последниот маж со кој бев имаше навистина долг јазик и навистина се потруди со предиграта. Рече дека обожава да ме гледа како уживам и му поверував.
Но, ако погледнам наназад на историјата на моите врски, сфаќам дека многу често сум си помислила – И што, толку?
Еднаш сексот траеше 3 минути и тој ‘рчеше пред да се освестам.
Џони овие мажи ги нарекува себични и јас се согласувам со него. Јас сум вложила труд да се издепилирам, да купам фустан, да ја обликувам мојата коса, да купам нова долна облека, а тој најмалку што треба да направи е да ме доведе барем до еден оргазам.
Па, еве неколку совети од мене за мажите: предиграта ви е пријател, мразиме кога ќе ги соблечете панталоните и веднаш скокате на акција.
Второ, користете ги зборовите, за жените најзначајна е менталната стимулација. Кажете ни нешто убаво, за да се чувствуваме добро и секси.
Внимавајте на околината, нема да уживаме во сексот во спална соба со постелнина со жолти флеки или во соба која мириса на нечисти чорапи.
Трето, гуглајте малку и читајте за тоа како изгледа жената долу и кои зони и се чувствителни.
И последно, ако забележувате дека доаѓате до врвот за само 3 минути, помислете на нешто несекси, за да можете да издржите подолго, јас не сакам маратон, но ве молам 3 минути никако.“
С. С. | Црнобело