Кралот Чарлс го гаѓаат со јајца на настан – тој ладен како ништо да не се случило (видео)

Момчето било веднаш уапсено, а кралот Чарлс Трети воопшто не реагирал додека еден од присутните во толпата почнал да го гаѓа со јајца. Хит видео од „нападот“ масовно се шири на социјалните мрежи.

kralot-charls-i-kamila-gagjani-so-jajca-vo-jork-napagjachot-vednash-e-uapsen-video-01.jpg

Кралот Чарлс Трети и кралицата придружничка Камила беа во посета на градот Јорк, каде вчера беше откриена статуата на покојната кралица Елизабета Втора.

kralot-charls-i-kamila-gagjani-so-jajca-vo-jork-napagjachot-vednash-e-uapsen-video-02.jpg

Голем број жители на градот беа собрани да го пречекаат новиот крал, а еден присутен во толпата фрли најмалку 3 јајца врз Чарлс и Камила и почнал да вика:

„Оваа држава е изградена врз крвта на робовите!“

kralot-charls-i-kamila-gagjani-so-jajca-vo-jork-napagjachot-vednash-e-uapsen-video-03.jpg

За среќа, момчето не успеа да го погоди кралот со јајцата, но веднаш бил задржан од полицијата, додека видеото од настанот масовно се шири на социјалните мрежи.

Како што може да се види од видеото, новиот британски крал успеа да се држи до кралскиот протокол и да не покаже емоции, иако едно од јајцата му прелета до раката.

kralot-charls-i-kamila-gagjani-so-jajca-vo-jork-napagjachot-vednash-e-uapsen-video-05.jpg

Според британските медиуми, напаѓачот е Патрик Телвел, кој во минатото бил кандидат за пратеник од Зелената партија во Британија и учесник во голем број протести за заштита на животната средина.

kralot-charls-i-kamila-gagjani-so-jajca-vo-jork-napagjachot-vednash-e-uapsen-video-06.jpg

Погледнете го видеото од апсењето на момчето:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги пре... Откако Бакингемската палата соопшти дека британскиот крал Чарлс Трети боледува о...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg