Ветуваа 15-минутни оргазми, обвиненија за проституција - Која е компанијата за која Netflix направи документарен филм?
Благодарение на големата популарност и рекламата од славните личности, меѓу кои и Клои Кардашијан и Гвинет Палтроу, One Taste почнува да се шири во Њујорк, Лос Анџелес, Тексас, Колорадо и Лондон, а во 2014-та била меѓу најбрзо растечките компании во светот.
Но, новинарката Елен Хует, во 2018-та година ќе направи целосно разоткривање на темната заднина на компанијата. Според нејзиниот текст објавен во Bloomberg, компанијата активно била вклучена во секс трговија и проституција.
Текстот се повикува на изјавата на поранешен вработен на компанијата кому му било побарано да има јавна „оргазмична медитација“ за време на отворен настан пред публика, а задолжително било вработените да присуствуваат и на скапите курсеви и патувања, заради што се нашле во огромни долгови.
Вработените исто така се жалеле на вербално и емотивно насилство од страна на Никол Дејдон, а новинарката открила дека во 2015-та година компанијата имала и вонсудско рочиште во кое се спогодила со поранешна вработена која ги тужела за сексуално вознемирување и други нарушувања на работните односи.
Освен со бизарните ритуали, компанијата привлекувала внимание и заради контроверзните тврдења со кои биле окарактеризирани одредени сексуални злостроства.
Во предавањата, силувањето е опишано како „неможност на општеството да ја цени природата на сексуален предатор на мажите. Педофилот е премногу 'нападен за да биде задржен од општествените норми за прифатливо сексуално однесување“, а според основачката на компанијата за да избегнете силување потребно е „да дозволите да бидете целосно возбудени од можноста за насилен секс и на тој начин нема да бидете жртви“.
Според многумина, компанијата на некој начин наликувала на култ со оргазмичните ритуали во кои жените носеле само проѕирни велови на глава и биле целосно голи и во кои имало змии и други ритуални обреди, а на кои можеле да присуствуваат само оние што имале пари за да го платат присуството кое чинело и по неколку десетици илјади долари.
Други пак, велат дека станува збор за „пирамида“ затоа што од вработените се барало постојано да вклучуваат нови членови што ќе вложат и ќе ѝ се приклучат на организацијата.
Во 2017-та година Дејдон го продала својот удел во компанијата и во 2018-та биле затворени сите простории на One Taste во САД.
Компанијата е денес ребрендирана како The Institut of OM и иако ФБИ долги години води истрага против Никол Дејдон, таа сѐ уште е слободна жена.
Б. С. Б. | Црнобело