Ветуваа 15-минутни оргазми, обвиненија за проституција - Која е компанијата за која Netflix направи документарен филм?
- Детали
- среда, 09 ноември 2022
Некои велат дека станува збор за секс култ, други пак за пирамида – Netflix направи документарен филм за компанијата што преку јавни перформанси на задоволување ветуваше 15-минутни оргазми и посреќен живот. Што може да очекувате од најновиот документарен филм Orgasm Inc: The Story of One Taste, кој не е за малолетни?
Годинавата на Netflix имавме можност да погледнеме повеќе документарни филмови снимени според вистински приказни кои го привлекоа вниманието кај публиката, а од 5-ти ноември веќе е достапен и документарниот филм Orgasm Inc: The Story of One Taste.
Станува збор за документарен филм кој ја следи приказната на компанијата за сексуално здравје One Taste на Никол Дejдон, нејзината популарност и пад.
Во него говорат голем број од поранешните вработени во компанијата, новинарката Елен Хует која одигра огромна улога во откривањето на скандалите поврзани со компанијата и поранешниот сопруг на Дејдон.
Документарниот филм е наменет за лица над 17 години, а во него се застапени голем број оригинални видео снимки на компанијата во кои имаме можност да видиме како изгледале сесиите на оргазмична јога што ги нудела Дејдон, во кои на клиентите им ветувала женски оргазми што траат по 15 минути.
Уште пред објавувањето на филмот во дел од медиумите се појавија вести дека дел од лицата застапени во него, тврдат дека станува збор за видео снимки што биле украдени и продадени на Netflix, па дури поднесоа и тужба што беше веднаш отфрлена од судот.
Голем број од оние што имале можност да бидат меѓу првите посетители на сеансите, станале вработени во компанијата, а говорат дека тоа искуство во целост им го променило животот.
Како што може да се види во филмот, станува збор за млади и повелечени луѓе, кои немале голем успех во љубовниот живот, а откако се приклучуваат само на една сеанса на One Taste одлучуваат да живеат во станот на компанијата заедно со уште 40 други луѓе, каде преку оргазмични медитации имаат можност да ги искусат работите за кои што само сонувале.
Дел од нив одлучуваат да се откажат од своите дотогашни кариери и да почнат да работат само за One Taste.
Основачката на компанијата, Никол Дејдон одлучила првично да дејствува во регионот на Сан Франциско каде има голем број луѓе што работат во ИКТ секторот, кои се осамени, немаат време за интимни врски, но затоа имаат солидна заработка и можат да си дозволат да ги платат нејзините часови, за кои таа наплаќала и по 15.000 долари.
Речиси сите поранешни вработени, во еден миг дошле на сеанса и платиле учество, а откако увиделе дека One Taste им го менува животот, останале да работат за Никол Дејдон, по што нивна главна задача била да донесат нови клиенти што ќе платат за обука за „оргазмична медитација“.
Во неколку наврати во филмот може да се види препознатливата процедура на компанијата позната како ОМ (оргазмична медитација) во која партнерот со рака во ракавици ѝ помага на партнерката за истражување да постигне оргазам што трае 15 минути.
Слично како што тогаш имала можност тоа да го види публиката на јавните настани, и гледачите на документарниот филм имаат можност да ги погледнат бизарните видеа на задоволување во кои учествуваат „успешните“ клиенти и вработени во компанијата, а со кои Никол ги продавала своите „лекции за посреќен живот“.