„Премногу сум убава“ - девојка мета на критики откако откри зошто не сака да најде работа
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2022
„Дали ви изгледа дека сакам да станувам секое утро во наредните 60 години? Не, премногу сум убава за тоа“ – вели во едно од своите видеа оваа девојка и ги разлути своите следбеници кои ѝ упатија голем број критики и негативни коментари.
Американската инфлуенсерка Луси Велчер стекна слава преку ноќ откако објави видео во кое тврди дека е премногу убава за да работи, а голем број корисници на социјалните мрежи одлучија да ѝ упатат критики како под видеото на ТикТок, така и на Инстаграм.
Луси редовно објавува видеа на ТикТок на кои го пие своето утринско кафе и споделува трикови за убавина и за шминка или пак раскажува настани и случки од нејзиното секојдневие како студент, а со едно кратко видео успеа да налути многумина.
„Не сакам да работам до крајот на мојот живот. Дали ви изгледа дека сакам да станувам секое утро во наредните 60 години? Не, премногу сум убава за тоа“ – вели Луси пред да се напие од кафето што го држи во рака.
@luluhasfun Not my thing? #working #scam ♬ original sound - Lucy?
Нејзиното видео не наиде на позитивни коментари, туку голем број луѓе почнаа да го критикуваат нејзиното однесување.
„Мора да работиш за да имаш пари за кафе“, „Пробај да се будиш секое утро во 4 наутро и да работиш по 60 часа неделно“, „Како би било да се обидеш да бидеш возрасна личност, наместо да глумиш привилегирана личност што очекува сѐ да ѝ биде сервирано на тацна“, „Не си толку убава, фати се за работа“, „Ќе разговараме по 10-тина години“ – ѝ порачаа дел од нејзините следбеници.
Погледнете повеќе нејзини фотографии во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CaYi2OXLMKb/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSP1ihDrpEQ/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело