Најтажниот роденден на 3-годишно девојче: „Од 27 поканети деца, не се појави ниту едно“ (видео)
- Детали
- вторник, 08 ноември 2022
„Нарачав пици, торта со Frozen тема, грицки, поканив 27 дечиња и никој не дојде. На мојата ќерка ѝ беше скршено срцето“, вели 27-годишната мајка од САД, која објави видео од тажната сцена.
Бреана Стронг (27) од САД за третиот роденден на својата ќеркичка Ејвери организирала забава на која поканила 27 нејзини другарчиња.
Нарачала пици за нив и на крај со Ејвери останале да седат во празна просторија, а пиците ги фрлиле во корпа за отпадоци.
Таа вели дека некои им откажале во последен миг, додека други не ги ни известиле дека нема да се појават.
Бреана вели дека срцето на нејзината ќерка било скршено и дека само сакала да си отидат двете дома за да ја прегрне својата ќеркичка.
Таа вели дека залудно потрошила време и пари, но најтешко ѝ паднало што нејзината малечка страдала.
Видео на кое Бреана прикажува како нејзината ќерка била извисена на роденденот:
@breannamstrong I wish I was making this up. #noshow #birthdayparty #fyp #trending #sahm #makefriends ♬ Get You The Moon - Kina