Американка (72) изгледа како млада девојка: „Не ми веруваат колку години имам, ме критикуваат за младешката облека“

72-годишната Кеико Гест од САД изгледа како млада девојка, а вели дека нејзиниот изглед се должи на добрата грижа за себе, но и младешката облека за која некогаш e критикувана.

amerikanka-72-izgleda-kako-mlada-devojka-ne-mi-veruvaat-kolku-godini-imam-me-kritikuvaat-za-mladeshkata-obleka-01.jpg

Кеико Гест од САД има 72 години и тврди дека луѓето се шокирани кога ќе им каже дека не е млада девојка.

Кеико, која е популарна на Инстаграм и ТикТок, вели дека нејзиниот младешки изглед се должи на редовното вежбање, избегнувањето алкохол, како и консумирањето претежно сирова храна од растително потекло.

amerikanka-72-izgleda-kako-mlada-devojka-ne-mi-veruvaat-kolku-godini-imam-me-kritikuvaat-za-mladeshkata-obleka-07.jpg

Кеико има речиси половина милион следбеници на ТикТок каде што споделува видеа со вежбање и јога. Одвреме-навреме таа споделува и видеа со танцување, а секогаш носи и „младешка“ облека која дополнително ја подмладува.

Сепак, Кеико истакнува дека честопати се соочува и со злобни коментари – некои луѓе ѝ велат дека не ѝ доликува на возраста да се облекува како млада девојка и да споделува видеа со танцување.

Но, таа е убедена дека луѓето се само љубоморни, па пробува да ги игнорира ваквите коментари.

amerikanka-72-izgleda-kako-mlada-devojka-ne-mi-veruvaat-kolku-godini-imam-me-kritikuvaat-za-mladeshkata-obleka-04.jpg

Инфлуенсерката вели дека два-три часа неделно вежба гимнастика, оди на часови по танцување и балет и вежба со тегови. Таа сака да им покаже на луѓето дека можат да изгледаат одлично без разлика на возраста ако водат добра грижа за здравјето.

Моментално Кеико е сингл и вели дека ужива во овој статус.

„Луѓето ми велат дека изгледам одлично, но се држам понастрана од барови, па немам додворувачи. Одлично ми е и без маж во животот. Наместо тоа, се фокусирам на моето здравје. Уште од 30-тите приоритет ми е да бидам фит и ќе продолжам со тоа“.

amerikanka-72-izgleda-kako-mlada-devojka-ne-mi-veruvaat-kolku-godini-imam-me-kritikuvaat-za-mladeshkata-obleka-03.jpg

Кеико признава дека на 50 години направила лифтинг на лицето и некогаш користи ботокс, но вели дека нема правено никакви корекции на телото и добриот изглед се должи на нејзината посветеност.

amerikanka-72-izgleda-kako-mlada-devojka-ne-mi-veruvaat-kolku-godini-imam-me-kritikuvaat-za-mladeshkata-obleka-02.jpg

Кеико верува дека е инспирација за многумина – ги мотивира да водат добра грижа за себе, но и да не се плашат од годините.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg