Зошто Јапонците никогаш не разговараат на мобилен телефон во јавен превоз?
- Детали
- понеделник, 07 ноември 2022
Ако во јапонскиот јавен превоз некој разговара на телефон мора да е нешто итно или, пак, најверојатно се работи за некој странец што е целосно изгубен во преводот. Зошто Јапонците никогаш не користат мобилни телефони во јавниот превоз?
Кај нас е сосема нормално во јавниот превоз да користиме мобилен телефон. Речиси секогаш во градски автобус можете да слушнете некој што гласно разговара на телефон без да размислува дали им пречи на другите.
Во Јапонија е непристојно супата да ја сркате, па сосема слободно можете да ја испиете, оставањето бакшиш се смета за непристојно, а речиси никогаш во јапонското метро нема да видите некој локалец како гласно разговара на телефон.
Зошто? Има три причини за тоа:
Ја почитуваат сопствената приватност
Јапонците сметаат дека треба да ја чуваат приватноста за себе и дека никој не треба да ги слуша нивните приватни разговори на јавно место.
Додека се возат во метро Јапонците најчесто спијат, читаат книга или размислуваат, а со оглед на тоа што работат на стресни работни места ова најчесто им е момент за одмор.
Јавен ред
За разлика од западното население, Јапонците делуваат доста интровертно и повлечено затоа што не се впуштаат лесно во разговор со луѓето што не ги познаваат.
Дури и кога ќе видат дека има некоја тепачка на улица Јапонците нема да се вмешаат за да помогнат затоа што сметаат дека тоа не е нивна работа.
Оттука, нема потреба да ги оптоваруваат другите (непознати) патници во метрото со нивните приватни разговори.
Бонтон
Во јапонските железници постојат строги правила на однесување, па така во освен што е забрането да се консумира храна и пијалаци (освен вода), забрането е и гласното ѕвонење на телефоните и гласните разговори.
Исто така постојат посебни зони каде воопшто не смеете да ги користите мобилните телефони.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com