„Родив близнаци, но од финансиски причини морав едната ќерка да ја дадам на посвојување – сега не сака ниту да ме види“

„Имав прекрасна ќерка, но не можев да престанам да мислам на моето бебе што не беше во моите раце“ – вели оваа 60-годишна жена од САД која 20 години криела дека се откажала од едното од своите близначиња. Кога конечно повторно ја нашла загубената ќерка, не очекувала дека повторно ќе мора да се откаже од неа.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-01.jpg

Даун Ворис (60) од Индијана, САД, морала да се соочи со мошне тешка одлука во 2000-тата година кога при лекарски преглед за бременост дознала дека ќе стане мајка на близначиња.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-02.jpg

Свесна дека таа и сопругот Клинт немаат доволно финансии да се грижат за две бебиња одлучиле да контактираат агенција за посвојување и едно од бебињата да го дадат на посвојување.

„Многу ги сакав двете деца, но знаев дека нема да можам да им го дадам животот што го заслужуваат. Не можев да јадам, да спијам или да се фокусирам на работата. Не кажавме никому дека очекуваме близнаци, дури ниту на мојата мајка.

Во меѓувреме сите стравови за иднината ме измачуваа“ – раскажува Даун која открива дека уште пред бременоста била анксиозна и загрижена за тоа како финансиски ќе издржат со нов член во семејството.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-03.jpg

По долги разговори со вработените во агенцијата за посвојување, Даун и Клинт нашле соодветни родители за нивното бебе, а таа за време на целата бременост криела дека носи две бебиња.

Во 2001-ва година ги родила ќеркичките Микајла и Беки, а вели дека си дозволила самата на себеси да го задржи едното бебе само неколку минути пред да им го даде на сестрите да го однесат во инкубатор.

Но, како што вели, целиот живот имала грижа на совест додека гледала како едната ќерка Микајла расте со нив, а другата Беки морала да ја даде.

„Имав прекрасна ќерка, но не можев да престанам да мислам на Беки, моето бебе што не беше во моите раце, што не беше до својата сестра“ – вели таа, а состојбата била толку лоша што Даун добила и лекови за постпородилна депресија.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-07.jpg

Таа вели дека со години ја криела тајната од сите, а во еден период кога финансиската состојба им била подобра, воопшто и не сакала да помисли на второ дете затоа што чувствувала грижа на совест затоа што се откажала од Беки.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-04.jpg

Во декември 2020-та година, нештата се промениле кога Даун добила порака од агенција за наоѓање на вистинските родители на посвоените деца, во која пишувало дека Беки сака да ги запознае.

„Се договоривме да ја видиме Беки во кафуле што беше на половина пат помеѓу нашите домови. Бев мошне возбудена додека ја чекавме и кога влезе видовме дека изгледа исто како Микајла“ – вели таа.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-05.jpg

Разговорот поминал во најдобар ред, но Даун и Клинт требало да ѝ ја кажат вистината и на другата ќерка Микајла која била пресреќна од вестите.

Двете сестри почнале да се гледаат и редовно да разговараат и на прв поглед сѐ изгледало во ред, сѐ до 20-иот роденден на девојките кога Даун сакала да организира роденденска забава.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-06.jpg

Во тој период Беки престанала да комуницира со нив, а Даун верува дека причините се затоа што почнала да се чувствува отфрлено и не верувала дека финансиите се вистинската причина зошто ја дале на посвојување.

„Се чувствувам како да ја загубив двапати. Но, можам само да ја почитувам нејзината желба да не ја контактирам и да се надевам дека еден ден повторно ќе бидеме сите заедно“ – вели Даун.

rodiv-bliznaci-no-od-finansiski-prichini-morav-ednata-kjerka-da-ja-dadam-na-posvojuvanje-sega-ne-saka-nitu-da-me-vidi-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg