„На 50 години добив бебе со сперма од донор во Грција – сите ме осудија, но јас сакав да станам мајка“

„Моментално уживам во улогата на мајка. Сметам дека токму сега сум најдобрата мајка која можам да бидам на мојата Лајла. Но, моето семејство се противеше кога се подготвував да отпатувам за Атина на асистирано оплодување...“, споделува Кели Кларк (52) од Англија, која 23 години работела како стјуардеса и постојано го одложувала мајчинството.

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-01.jpg

Кели Кларк (52) од Англија останала бремена со помош на асистирано оплодување во клиника во Атина со помош на сперма од донор.

Тоа се случило кога имала 50 години, а сега таа е горда мајка на својата ќерка Лајла Рае, која ја расте сама.

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-07.jpg

Кели, која е тренер по пливање, вели дека на таа возраст почувствувала дека е вистинското време за да стане мајка. Вели дека ѝ здодеало од забави и се чувствувала подготвена за ново поглавје од животот.

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-02.jpg

Нејзиното семејство било загрижено поради нејзината возраст и сметале дека е стара за да стане мајка, а ги загрижувало и тоа што спермата ќе биде од непознат донор.

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-04.jpg

Но, Кели се одлучила да го направи потегот и во март 2021 година ја родила својата наследничка, за која вели дека е совршена и дека не би можела да си посака ништо повеќе од тоа.

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-03.jpg

Кели вели: „Не знаев колку длабоко вљубена ќе бидам во мојата ќерка. Мојот живот е добар и моментално уживам во улогата на мајка. Сметам дека токму сега сум најдобрата мајка која можам да бидам на мојата Лајла.

Моето семејство се противеше и ме осудуваше за тоа што сакам да станам самохрана мајка на 50 години, знаев дека се загрижени за мене, но и знаев дека ја правам најдобрата можна работа.

Сега, кога Лајла е тука тие ми се огромна поддршка и не би знаела што да правам без нив.“

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-12.jpg

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-08.jpg

Кели работела како стјуардеса 23 години и иако вели дека отсекогаш сакала да има семејство, некако никогаш не било вистинско време додека водела „живот на небото“.

„Сега повеќе не сакам да патувам и да се забавувам, сега сакам секоја минута да ја гледам Лајла како расте.“

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-10.jpg

Таа додава дека не смета дека задоцнила со тоа да стане мајка, иако нејзините пријателки родиле многу помлади, и смета дека на оваа возраст имала многу подобра подготвка како да биде добра мајка.

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-11.jpg

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-09.jpg

na-50-godini-dobiv-bebe-so-donor-od-sperma-vo-grcija-site-me-osudija-no-jas-sakav-da-stanam-majka-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg